Припадниците на Армијата кои учествуваа во спасувачката операција во Турција се враќаат денеска

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска напладне ќе биде организиран пречек на припадниците на специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција.

Како што најави МО, на припадниците на Армијата ќе им се заблагодарат и ќе ги поздрават претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок и одбранбеното аташе на Турција во Скопје.
Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање, учествуваа во хуманитарна операција во Турција, во областите кои беа погодени од катастрофалните земјотреси на 6 февруари годинава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.