Припадници на АРМ едвај се спасиле од запален автобус

На патот Пробиштип-Кратово кај местото Кундиска барака утрово во 6:15 часот избувнал пожар во автобус кој превезувал припадници на АРМ до касарната “Илинден“ во Скопје.
Според очевидци, автобус на компанијата „Тритерол“ кој превезувал припадници на АРМ од Пробиштип до Скопје од засега  непознати причини се запалил. За среќа нема повредени и жртви, причинета е само материјална штета.
Екипи на противпожарната бригада излегла на терен, но малку можеле да сторат. На форографиите се гледа дека возилото е целосно изгорено.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: