Припадници на српската полиција позирале како мафијаши

На социјалните мрежи се појавија фотографии од младите полицајци на српската полиција кои позираат со пиштолите во рацете како бандити.
Фотографијата на која полицајците се сликале како криминалци е објавена на Фејсбук страницата на „Радио 021“, на која што било напишано „Локална банда“.
Српските медиуми дознаваат дека фотографијата е од Центарот за основна политичка обука од Сремска Каменица, а полицајците се дипломци кои во октомври минатата година ја завршиле обуката за школо за полицајци. Фотографијата е направена за време на обуката, и на установата не и е сеуште јасно како фотографијата се појавила на социјалните мрежи.
Против сите лица кои се на фотографијата е покрената постапка од страна на врвот на полицијата.
„Ова е скандалозна фотграфија и ќе биде покрената постапка против сите лица кои се наоѓаат на сликата затоа што ова претставува рушење на угледот на српската полиција“, изјавило официјално лице од Српското министерство за внатрешни работи.
Фото: Maxim.mk На социјалните мрежи се појавија фотографии од младите полицајци на српската полиција кои позираат со пиштолите во рац

Пронајдете не на следниве мрежи: