Природна заштита за коса изложена на сонце

Преку летото, сонцето е најголем непријател на косата. Освен сонцето, практично смртоносната комбинација за здрава коса се сонцето и морската вода.
Затоа за вас го најдовме најдобриот природен рецепт за маска за косата.
Потребни состојки:
– 1 жолчка;
– 2 лажици маслиново масло;
– 1 лажица сок од лимон.
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги со миксер или со блендер. Ако сакате маската да биде потечна за полесно да ја нанесете на косата, додатете ѝ само една лажица вода.


Примена:
Нанесете ја маската на сува коса (не мора да биде чиста). Оставете ја да постои околу половина час за косата добро да ја впие, па измијте ја со млака вода. После овој третман, измијте ја косата со шампон.
Совет плус:
Не заборавајте редовно да ја хидрирате косата. На пример, ако ја миете денеска, два часа пред да ја измиете, нанесете маслиново или кокосово масло од темето па до крајот на влакната. После тоа внимателно измијте ја косата.
Преку летото косата секогаш мијте ја со шампон наменет за сува и оштетена коса, без оглед во каква состојба е моментално.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.