Природна маска за нега на кожата со само 3 состојки

Направете природна и здрава маска за нега на кожата на лицето
Потребни состојки:
1 лажица какао во прав
3-5 супени лажици блендирана папаја
1 лажица гел од алое вера


Начин на подготовка:
Сè што ви е потребно за да ја направите оваа маска се состојките и сад за мешање. Ставете ги сите состојки во садот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја смесата на кожата и оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа исперете со млака вода.
Придобивки:
Оваа маска ја одржува кожата млада и сјајна. Алое Верата е полна со разни витамини (А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12) што помагаат при хидратација на кожата, правејќи ја со нежна текстура и давајќи ѝ сјај. Во комбинација со папајата, која помага при регенерација на кожата, таа може да направи чуда и да ја врати отпорноста на вашата кожа. Какаото помага најмногу при стимулирање на циркулацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.