Природно избелување на забите со куркума

Куркумата е билка која уште одамна се користи во кинеската и ајурведската медицина, а препознатлива е по нејзината карактеристична златна боја. Во народната медицина, куркумата се користи против болки со различно потекло, а може да се користи и како продукт за убавина. Се советува да користите куркума за избелување на забите, бидејќи може да ги осветли за неколку нијанси, и тоа за многу краток период.
Природно избелување на забите со куркума
Љубители нa кафе
Избелувањето на забите со куркума е особено препорачливо за љубителите на црниот чај и кафето и за пушачите. Ова средство за избелување е целосно природно и не содржи состојки кои можат да му наштетат на забите. После само една недела редовно користење, ќе можете да го забележите резултатот.


Природно средство
За да направите ваше средство за избелување на забите, сè што треба да направите е да нанесете 1/4 од лажичка куркума на четката за заби. Потоа исчеткајте ги забите како и вообичаено. По четкањето, немојте веднаш да ја плакнете устата и оставете ја куркумата да делува околу 5 минути. Потоа темелно исплакнете ја устата.
Видливи резултати
Уште по првиот третман ќе можете да ги забележите резултатите. Доколку не сте задоволни, можете да го повторувате третманот цела недела, секој ден. Покрај вообичаеното четкање со куркума, можете да направите и паста со неколку капки маслиново масло и 1/4 лажичка куркума.
Лечење рани
Куркумата може да ви помогне и во лекувањето мали рани, намалување на крварење на непцето и ублажување на воспалителните процеси во устата. Овој зачин е одличен природен антибиотик и антисептик.
Зајакнување на телото
Куркумата е одлична и за зајакнување на телото и смирување на воспаленото грло. Исто така можете да ја користите и за намалување на видливоста на темната кожа којашто се појавува на лактите

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.