Присилно приведување за Груевски побара Фетаи

 

Денес обвинителката Фатиме Фетаи побара приведување на екс премиерот Никола Груевски, кој на денешното судење во предметот „Насилство во Општина Центар“ задоцни 20 минути .
Фетаи му се обрати на судот и рече дека треба присилно да биде приведено обвинето лице кое е уредно повикано, а не се појави на судење и не го оправда своето отсуство. Сепак Груевски пристигна и во последен момент влезе во судската сала.
Судот, на барање на Фетаи одлучи да ја раздвои постапката во овој предмет и одделно да му се суди на обвинетиот Митко Пецев, кој денеска по втор пат не се појави на рочиште. Адвокатите го оправдаа неговото отсуство со потврда од лекар за повреда на пршлен и неопходно мирување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.