Приспособете ја брзината, коловозите се влажни: Снег паѓа само на едно место во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег. Врнежи од снег се бележат само во Маврово.
АМСМ препорачува приспособување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.