Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Северна Македонија.
Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.
- Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста
- Гостивар утре треба да добие техничка вода, над 4.000 граѓани досега побарале лекарска помош
- Кога некој ќе умре, жените од ова племе ја плаќаат највисоката цена: Суровите ритуали и глетки го ужаснаа светот, и еве зошто (фото)
- Тања Савиќ ги стопи сите масти од стомакот со помош на нејзината позната диета: Откри која храна ѝ помогна да изгледа како кукла (фото)
- Нетанјаху: Иран мора да ја прекине својата нуклеарна програма, ја поддржувам политиката на Трамп
Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија.
– Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.
Advertisement
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекува да бидат вратени уште 90 граѓани.
Пронајдете не на следниве мрежи:



