недела, 29 ноември 2026
Најново

Пристигнаа новогодишни светилки за бради

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку помисливте дека се потрошени сите идеи со кои Новата година може да биде уште помагична, подобра и интересна, сте се излажале бидејќи очигледно празниците се вечна инспирација.
Оваа 2018 година мажите коиимаат брада ќе имаат и дополнителна причина да се радуваат бидејќи се продаваат новогодишни светилки за брада.


Ако се одлучите на ваков украс, производителот ве предупредува пред да ги ставите а проверите и внимавате, брадата да не е мокра. Тие додаваат и дека овие светилки се одлични за луѓе кои живеат во мали станови и немаат место за новогодишна елка, па на овој начин самите може да станат една таква.
Украдот се состои од вкупно 18 светилки кои се поставени на 90 сантиметри долг кабел. Се продаваат по цена од 10,99 фунти.

Поврзани вести