Пејачот Дарко Лазиќ кој вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа, според првичните резултати од анализата на крвта возел под дејство на алкохол и имал 1,39 промили алкохол во крвта.
Со анализа на крвта која му е земена непосредно по сообраќајната несреќа утврдено е дека Дарко имал 1,39 промили алкохол, а втората анализа направена еден час подоцна покажала дека има 1,30 промили алкохол во крвта.
Дарко освен во алкохолизирана состојба возел без возачка дозвола која му е одземена во 2013 година и без сигурносен појас.
Иако состојбата му е стабилизирана, тој е се уште со тешки повреди.