Пристигна нова социјална мрежа која нема цензура и дозволува голотија

Инстаграм има многу строги правила кога станува збор за објавувањето,а токму тоа го искористиле авторите на социјалната мрежа со адреса Buttrcup.com.
Buttrcup е социјална мрежа без цензура, како што тврдат основачите. Делумно е основана и како одговор на движењето за „слобода за брадавиците“, односно кампањата #FreeTheNipple која во 2014. година ја покренала Лина Еско.
На Buttrcup корисниците можат да отворат профил и да објавуваат фотографии или снимки, какви што сакаат.

Основачите нагласуваат дека не се платформа за порнографија, но голотијата е дозволена.
-Денес сите создават фотографии. Buttrcup дава платформа за самостојно објавување на содржини за фановите. О, да, и ја отстранивме пристрасната цензура која ја спроведуваат другите социјални мрежи, велат основачите.


„Сексуалноста е универзална и составен дел на нашите животи, а токму такви фотографии не се дозволени на социјалните мрежи, каде трошиме многу слободно време“ изјавила Моли Марфи, една од основачите, за магазинот Paper.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.