Пристигна новиот Lamborghini Sian Roadster

Како што беше најавено, италијанскиот производител Lamborghini го претстави својот најнов модел – Sian Roadster.

Да потсетиме, купе верзијата на Sian беше најмоќниот Lamborghini во историјата на овој бренд – во срцето на погонскиот систем се наоѓа атмосферскиот 6,5-литарски V12 мотор кој развива 785 коњски сили.

Овој мотор во комбинација со 48-волтниот „благ“ хибриден систем развива дури 819 коњски сили.

Sian Roadster е верзија без покрив на најмоќниот модел во понудата, а многу компоненти ги дели со Aventador SVJ иако поседува хибриден погон.

Новиот Sian Roadster од 0 до 100 километри на час развива за помалку од 2,9 секунди, а максималната брзина изнесува 350 километри на час. Ќе бидат произведени само 63 вакви примероци, а цената иако не е соопштена, се проценува дека еден ваков автомобил ќе чини 3,7 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.