На Илон Маск му беше предаден судски повик во врска со тужба поднесена од Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), која го обвинува за недоволно обелоденување на клучни информации при купувањето на платформата X (претходно позната како Твитер) во 2022 година. Повикот бил испратен на 14 март, а одговор од Маск се очекува до 4 април, според судската пријава обелоденета денес од CNBC.
Кога бил направен обид да му се врачи повикот кај објектот на Маск во SpaceX во Браунсвил, тројца од чуварите на местото одбиле да го примат документот, со предупредување дека влегувањето било на приватна сопственост без дозвола. Како резултат, судскиот официјал одлучил да го остави документот на земја и да си замине, додека службениците за безбедност го фотографирале него и неговото возило.
Тужбата на Комисијата за хартии од вредност е насочена кон Маск поради наводно непочитување на обрврските за информирање пред купувањето на Твитер. Законски, Маск бил должен да ги објави информациите дека поседува повеќе од пет проценти од акциите во рок од 10 дена откако го достигнал овој праг, но не го сторил тоа. Според тужбата, скривањето на оваа значајна информација му овозможило да го купи Твитер по цена за најмалку 150 милиони долари пониска од неговата потенцијална пазарна вредност.
The post Пристигна писмото appeared first on 365.mk.