Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска состав 3 од Кривичниот законик.
Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево.