Наставникот од гостиварското село Чегране, што изврши полов напад врз ученичка од основното училиште во селото, денеска доби 30 дена притвор.
Настанот се случил пред три дена, а од Обвинителството соопштија дека наставникот за време на одморот ја повикал деветгодишната ученичка кај него во училницата. Ја допирал и ја бакнувал, а направил и заедничка фотографија со неа. Кога девојчето излегло од училницата, осомничениот ѝ кажал дека повторно ќе ја повика.