Хрватската полиција го уапси, сега веќе поранешниот министер за здравство во владата на премиерот Пленковиќ, Вили Берош.
Полицајците на Националната канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал вчера рано утрото му тропнале на врата и го привеле, а денеска му е изречена мерка притвор во траење од еден месец и е спроведен во затворот Реметинец.
Според хрватските медиуми, одредени објавени пораки довеле до апсење на Берош на кој му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Европскиот делегиран обвинител соопшти дека повеле акција против Берош и уште седум лица за злосторничко здружување, а Берош зел поткуп.