Притвор за 102 хрватски државјани-навивачи, двајца Грци и еден Албанец

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор.

За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец.

Маж ѝ го отсекол увото на младата полицајка! Морничава сцена на улица во Келн: Покрај неа, повредени се уште три лица!
Денеска се случи необичен инцидент во областа Еренфелд, во Келн (Северна Рајна-Вестфалија) …
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави …

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција.

Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши вечерва околу 21 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.