Причината за смртта на ирската музичарка Шинејд О’Конор е објавена една година откако таа почина.Во потврдата за смрт, која во Лондон ја доставил нејзиниот поранешен сопруг Џон Рејнолдс, пишувало дека таа починала од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астма.Таа боледувала и од инфекција на респираторниот тракт, што придонело за нејзината смрт. Таа почина на 26 јули 2023 година на 56-годишна возраст. Веста потоа ја потврдија членовите на нејзиното семејство.„Со голема тага го објавуваме смртта на нашата Синеад. Нејзиното семејство и пријателите се уништени. Бараме приватност во овој многу тежок момент“, напишаа тие.Таа ги откажа сите настапи во јуни 2022 година за да се грижи за сопственото здравје откако нејзиниот син Шејн изврши самоубиство на 17-годишна возраст. Таа беше активна на социјалните мрежи, а многу луѓе и испраќаа пораки со поддршка.
Пронајдете не на следниве мрежи: