ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ВРЕДИ ДА ИМАТЕ ИСПОЛНЕТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ

Од сексот се спие поубаво. Чувството на пријатност кое се ослободува по водењето љубов може да ја реши несоницата.

Сексот го подобрува расположението. Ониекои водат љубов, статистички гледано, се посреќни од останатите.

Недостаток на секс доведува до депресија. Истражувањата покажаа дека оние кои не се сексуално активни се под поголем ризик да се заболат од депресија.

Сексот ја зголемува самодовербата. Убаво е кога ќе дознаете дека вашиот партнер ве смета за секси и дека ужива во сексот со вас.

Сексот ги ослободува хормонот на среќата и љубовта. Ендорфин – хормонот на среќата и окситоцин – хормонот на љубовта, кој дава чувство на блискост и интимност со партнерот, се хормони кои се лачат додека водиме љубов.

Сексот е добар за телото и мозокот. Сексот е совршен лек против стресот предизвикан од секојдневниот живот, со него ги отпуштаме и телото, и мозокот.

Сексот против болка. Според многубројни истражувања сексот ги ублажува сексуалните болки, како и симптомите од ПМС.

Сексот против други болки. Со сексот исто така можете да ги отстраните болките во рбетот.

Сексот е поврзан со либидото. Покрај тоа што е добар за менталната и за физичката состојба, сексот го зголемува либидото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.