Пријателот на таткото на Вања добил паничен напад, не се појави да сведочи на денешното рочиште

Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

Денес требаше прв да сведочи Гоце Трајковски, пријател на Александар Ѓорчевски таткото на убиената Вања, но според наводите на неговата мајка тој имал паничен напад и висок крвен притисок затоа не можел да се појави на денешното рочиште.

Се работи за пријателот на таткото на Вања кој цело време се споменува како барал снимки, па прв некако го поврзал Цитроенот на Панче со грабнувањето на Вања.

Пронајдете не на следниве мрежи: