Во новогодишниот масакр во Цетиње кој ја здрма Црна Гора, а воедно и целиот регион, лицето Ацо Мартиновиќ уби 12 лица, меѓу кои две деца. Како дел од загинатите се и близнаците Марко и Милош Мартиновиќ, заедно со нивните родители.
Во интервју со пријател на убиените близнаци со српски Телеграф, тој вели дека Марко и Милош биле чесни луѓе, полни со живот.
-Едниот возел автобус, другиот работел на брод. Дојдоа дома за празници“, вели нивниот пријател.
Тој додава дека близнаците „не згазиле мравка, тие биле доблесни и чесни луѓе“.
Со близнаците Мартовиќ се збогуваа и други пријатели, како пријателот на Марко, Давид Димовиќ кој со него се збогуваше преку објава на социјалните мрежи.
-Марко, стар пријателе, многу ме потресе твоето прерано заминување. Ацо Мартиновиќ од Цетиње ти ги одзеде животите. Човек како тебе вредеше да имаш, да знаеш и да бидеш блиску до тебе. Можам само да кажам пофални зборови за тебе. Сега ти Заедно си со брат ти . Нека си вечно благодарен, старецу, а твоите небесни патишта да бидат безгранични- напишал пријателот на Марко.
Во масовното убиство на новогодишната ноќ, Ацо Мартиновиќ одзеде 12 животи, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години. Масовниот убиец убиствата ги извршил на пет локации. Тој по убил четири лица на две локации, две на третата и по едно лице на преостанатите две локации.
Кога бил опколен од полицијата, Мартиновиќ се самоубил пукајќи си во главата. Тој брзо бил сместен во возилото на брза помош, но починал на пат кон болница.