Пријател на прилепчанецот Џорџ Атанасоски, ќе биде советник на Трамп за национална безбедност

Доналд Трамп го објави назначувањето на Мајк Волц, републиканец кој ја претставува Флорида во Претставничкиот дом, на стратешката позиција советник за национална безбедност, а најави и нов амбасадор во Израел.

По неговата убедлива победа, новоизбраниот претседател Трамп веќе го собира персоналот на неговата администрација, која ќе ја преземе во јануари.

Во соопштението за печатот се опишува овој поранешен војник на специјалните сили како „експерт за заканите од Кина, Русија, Иран и глобалниот тероризам“.

Тој исто така вели дека е „силен поддржувач на политиката за Америка на прво место“.

„Чест ми е да објавам дека пратеникот Мајк Волц е именуван за советник за национална безбедност во мојот кабинет“, се вели во соопштението на Доналд Трамп.

Mинатата година Волц на социјалните мрежи објави дека ја посетил “Микрофлекс”, компанијата на Флорида, која е сопственост на Џорџ Атанасоски, македонскиот бизнисмен со потекло од Прилеп. Валц напиша дека се работи за импресивна компанија која е партнер на SpaceX и Blue Origin.

Пронајдете не на следниве мрежи: