Александра Пријовиќ не штеди пари кога е во прашање нејзината гардероба.Александра Пријовиќ, моментално најбараната пејачка во регионот , минатата година ја започна турнејата „Од исток кон запад“, која сè уште трае. Младата музичка ѕвезда исполнуваше различни арени и концертни сали и се менуваше неколку пати на секој настап. Ништо поинаку не беше кога минатиот викенд пееше во Будва.– Прија заработува многу, но и троши многу, најмногу на штофови и накит. За тој настап во Будва добила 40.000 евра, додека само за фустаните, сандалите и накитот што ги носела таа вечер потрошила 26.437 евра! – вели извор на Информер близок до пејачката и додава дека Прија двапати се пресоблекла во Будва:– Прија за тој концерт донесе два тоалета, кои ги плати. Синиот фустан „Дејвид Кома“ ја чинел 2.422 евра, додека за екстравагантен фустан од сребрени циркони од брендот „Атико“ потрошила 2.130 евра. Очекувано облекла и добри чевли, а блескавите сандали од Џими Чу платила 2.935 евра. Од накит имала нараквица и обетки „карти“, кои заедно чинат 12.050 евра, како и прстен „булгари“ вреден 6.900 евра. Се на се, Прија на концертот зела со себе 26.437 евра! Нашиот соговорник вели дека Прија се грижи за сите детали.– Александра е професионалец во работата, се грижи за се, па и за стајлингот. Вложува многу пари во песни и спотови, но и во облека и обувки. Зад неа е целиот „тим за убавина“, кој го сочинуваат шминкери, фризери, стилисти… Прија има пријателски однос со сите нејзини колешки и не ги гледа со презир, како што прават многу други пејачки. За време на целата турнеја, сите членови на бендот и „тимот за убавина“ престојуваа во истите хотели како Прија, таа плати за се! – ја заклучува приказната нашиот извор.Прија истакнува како се трудела да инвестира во кариерата и кога имала помалку пари, но и настапува.– Секогаш вложував во мојата работа колку што можев во тој момент. Фала му на Бога, сега имам можност навистина да вложам многу и мислам дека ова е моментот кога не треба да ги гледам цените. Што се однесува до мојот стајлинг и изглед, вложив колку што можев. Сè што замислуваше мојот стилист како треба да изгледам, реков: „Во ред, ќе го купам“ – објасни Александра и додаде дека не се меша во работата на стилистите:– Секогаш се оставам на оние кои подобро се разбираат. Фала му на Бога, имам можност и луѓе околу мене кои разбираат што прават и учам од нив. Никогаш не се мешам во нивната работа и им верувам. Покажаа дека тоа што го работат е врвно!
Пронајдете не на следниве мрежи: