При пукање со пиштол убиено 20-годишно момче

Ноќеска при пукање во Скопје е убиено младо момче, информира МВР. Утрово околу 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на 24-годишниот С.Т. од село Шишево со повреди биле донесени 20-годишниот А. А. и 36-годишниот Г. А., сите од село Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. исто така од село Шишево, со кого претходно имале расправии. Како што е наведено во пријавата на влезот во село Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал. Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.