При уривање на покрив на црква во Јужна Африка загинаа 13 лица 

Трагедија: Се урна кров на црква, загинаа 13 лица

Тринаесет лица загинаа, а најмалку 16 се повредени при уривање на покрив на црква за време на миса во близина на југоисточниот африкански град Дурбан. Инцидентот се случил во градот Длангубо, северно од Дурбан, по обилни врнежи од дожд.
Портпаролот на провинциската служба за локални прашања Ленокс Мабасо потврди дека има 13 загинати и дека покривот се урнал поради силните дождови.
– Голема трагедија, 13 смртни случаи, 16 повредени! – напиша Роберт Мекензи, портпарол на службата за итна помош на провинцијата Куа-Зулу.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.