Пратеникот од социјалистите Звонимир Стевиќ (66) поднесе оставка од пратеничката функција откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа порно филм на седница за Косово во српскиот парламент.

Пред половина час поднесов оставка од функцијата заменик. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се пак за два часа – кратко изјавил Стевиќ.
Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово и Метохија, како и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.
Воедно е и претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово и Метохија со резиденција во Приштина.



