Пробен попис во 2019 ќе се прави во четири општини во Македонија

Пред спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година пробен попис ќе се спроведе во април 2019 и тоа во општините Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и Свети Николе. Со пробниот попис ќе бидат опфатени вкупно 3.500 домаќинства, а Државниот завод за статистика, во нацрт верзијата на Законот за попис предлага во пописот да нема прашања за етничка и верска припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик.
– Во согласност со Меѓународните препораки за спроведување на пописите околу 2020 година на Обединетите нации и Евростат, белезите за етно–културните карактеристики како што се етничката и верската припадност не се задолжителни белези. Во Нацрт – верзијата на Законот за попис од сетот на белези за етно–културните карактеристики, се предлага да се прибира само податокот за мајчин јазик – објави Gostivarpress.mk.
За разлика од претходно кога попис се правеше со прашалник на хартија сега попишувачите ќе поминат обука и податоците ќе ги прибираат на лап топ. Се очекува нацрт верзијата на Законот за попис да помине на Влада до крајот на годинава, а на почетокот од следната Собранието да го донесе Законот. Според ДЗС за пробниот попис планирани се 250 000 евра од ИПА фондовите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.