ПРОБЛЕМИ ЗА БУНДЕСВЕРOT: На германската армија и недостига муниција вредна 20 милијарди евра

Германската армија се соочува со голем недостиг на муниција и опрема, предупреди Ева Хегл, комесарката на Бундестагот за вооружените сили на Бундесверот. Таа посочи и дека има недостиг од основни делови од воена опрема.

Поставете приоритети

Во интервју за неделниот Билд, Ева Хегл откри дека полнењето на празните магацини ќе го чини Бундесверот 20 милијарди евра.

ПРОБЛЕМИ ЗА БУНДЕСВЕРOT: На германската армија и недостига муниција вредна 20 милијарди евра

Воените магацини мора да се полнат за време на мандатот на актуелната власт бидејќи овој проблем се одложува со години. Без муниција армијата е ништо, не може да функционира – предупреди таа.

Комесарот на Бундестагот ја истакна и лошата состојба со основната опрема за германските војници. Таа напомена дека германските војници кои биле стационирани во Литванија во рамките на вежбите на силите на НАТО биле вклучени во маневри со боева муниција без панцири.

Да биде ситуацијата уште полоша, исполнетоста на одредени единици е само 60 проценти, а причина за тоа се честите боледувања и отсуствата на персонал поради доусовршување. Без доволно војници и најдоброто оружје е бескорисно – рече таа.

Официјалниот претставник најави дека властите во Берлин ќе мора да постават приоритети и да ги намалат непотребните трошоци:

– Затоа, со фокус на националната одбрана, Германија би морала да го намали учеството во меѓународните мисии – тврди таа.

Дека состојбата во Бундесверот е навистина алармантна сведочи и извештајот на Business Insider од октомври, во кој се наведува дека германската армија има муниција за само ден-два војна. Во извештајот се цитираат извори блиски до одбранбената индустрија и парламентарни претставници кои зборувале под услов да останат анонимни. Недостигот од оружје, војници и опрема во Бундесверот постои со години, но тој дојде до израз на почетокот на руската инвазија на Украина и кога Берлин требаше да испрати помош за Киев.

IRIS-T систем за Украина

Минатиот месец Германија го испрати во Украина системот за воздушна одбрана ИРИС-Т. Уште три од овие системи, составени од командно возило, радарско возило и камион со ракетен фрлач, треба да бидат испорачани во Украина во 2023 година. Цената на еден од овие системи е 380.000 евра. Во меѓувреме, во Германија, оние кои тврдат дека испраќањето на големи количини оружје во Украина може да ги ослаби одбранбените сили на земјата стануваат се погласни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.