Проблем на денешницата: Зошто не успевате да ослабите?

Дали сте размислувале за тоа дека можеби не се виновни одредени намирници, ниту генетиката, туку дека проблемот е во вишокот…
Не, не во вишокот храна, туку во вишокот диета?! Прва асоцијација за губење килограми е диета. Главно, станува збор за неурамнотежени шеми на исхрана, кои можеби даваат краткорочни резултати. Но по диетата, килограмите се враќаат брзо, а организмот е истоштен. Значи, тоа не е најдобриот пат. Наместо диета, изберете умереност. Резултатите ќе ве воодушеват.


Што треба да правите?
Доволно е само малку повеќе да внимавате на калориите. Прво, почнете да ги читате декларациите. Некои експерти советуваат да користите засладувачи и намирници што ги содржат, затоа што на тој начин внесувате помалку калории, а вашето тело нема да копнее по забранетата храна, како што се слатките. Начинот на исхрана се менува полека, а не од корен. Тргнете со мали чекори и резултатите ќе ве воодушеват.
1 Затоа што константно внесувате повеќе калории отколку што трошите.

2 Затоа што не знаете колку всушност јадете. Истражувањата покажуваат дека грешиме во процената колкаво количество храна треба да консумираме, и тоа за 20-50%, што прави голема разлика. Едноставно, не знаеме колку јадеме, а свеста за тоа е клучен фактор што одредува дали килограмите ќе се намалуваат или зголемуваат.
3 Затоа што не сте доволно активни.
Ако водите седентарен начин на живот, многу лесно ги надминувате дневните калориски потреби, па дури и ако внесувате малку храна, килограмите ќе се накачуваат. И минимална активност влијае врз трошењето калории.


Како да ја задржите посакуваната тежина?
Можеби барате лесни решенија и мислите дека губењето килограми е комплицирано или избирате намирници што ги топат масните наслојки и правите целни вежби за салото на стомакот, но сето тоа е губење време. Треба само да пронајдете рамнотежа меѓу внесувањето и трошењето калории. Тоа се постигнува со избалансирана исхрана и со зголемена физичка активност. Додека не внимавате на внесувањето и трошењето енергија, нема да ги постигнете саканите резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.