Провалиле во станот на Северина во Загреб: Полицијата утврдува што се случило

Истрагата траела со часови
Некој упаднал во станот на хрватската пејачка Северина Којиќ, на улицата Бијеничка во Загреб, а полицијата ги утврдува деталите за настанот, наведува 24сата.хр.
Имено, попладнево, на 14 јуни, како што се наведува, се случил упад, а полицијата утврдува дали станува збор за кражба, разбојништво или вознемирување.
Во текот на денот имаше неколку полициски возила пред домот на Северина.
Како што се наведува, истрагата траела со часови.

Пронајдете не на следниве мрежи: