Кромидот е составен дел од речиси сите јадења. Кромидот им дава посебен вкус и арома на јадењата.
Меѓутоа, покрај тоа што повеќето „плачат“ при сечењето, кромидот е многу се чувствува при динстањето и мирисот може да остане дури и неколку часа.
Главниот виновник за непријатните мириси е ослободувањето на сулфур од кромидот, што се појавува при термичка обработка.
Сепак, постои начин да избегнете вашата куќа да мириса на овој зеленчук со часови. Имено, трикот се крие во сода бикарбона.
Сè што треба да направите е да го исечете кромидот и да го ставите во загреаната тава во која претходно сте ставиле масло. Потоа додадете една лажичка сода бикарбона и сè измешајте.
Содата нема да се почувствува, а освен што ќе го неутрализира мирисот, кромидот ќе ви биде полесен за варење.