Проверете ги гумите и брисачите на ветробранското стакло – експертите пепорачуваат совети за возење во услови на интензивни врнежи

Проверете ги гумите – Редовно проверувајте го притисокот и длабочината на шарите на гумите. Ако длабината на шарите е под 16мм тогаш тоа е сигурен знак дека треба ги замените со нови. Токму од шарите на гумите зависи контактот на автомобилот со патот.
Проверете ги брисачите на ветробранското стакло – Ако нивната функционалност е намалена – заменете ги со нови. Пред тргнување на пат, ако временската прогноза укажува на дождливо време третирајте ги стаклата со средства кои ја „пролизгуваат“ водата од дождот.
Вклучете ги дневните светла- Така полесно се забележуваат возилата при врнежливи услови.
Држете растојание и успорете – Никогаш не знаете што може да ги изненади возачите пред Вас во услови на лошо време. Не е лошо брзината да ја прилагодите дури и под пропишаната на патот.
Вклучете го греењето на стаклата – Врнежливото време значи и поголема влажност на воздухот. Тоа може да предизвика замаглување на стаклата од внатре. Никако не го вклучувајте внатрешното циркулирање на воздухот, тоа само додатно ќе ги замагли стаклата на автомобилот.

Од друга страна пак, зголемената влажност на воздухот додатно ја намалува надворешната видливост.
Бидете претпазливи при ненадејно хидропланирање – Тоа е ситуација кога пневматиците имаат многу мал или пак воопшто немаат контакт со патот, туку пролизгуваат на слојот од вода над патот. Во оваа ситуација НИКАКО не кочете и не свртувајте нагло. Полека отпуштете ја педалата за гас и наведете го автомобилот во правецот на патот. Не дозволувајте да ве обземе паника.
Во никој случај не возете со вклучен cruise control – Користењето на cruise control на дожд го зголемува ризикот од пролизгување и хидропланирање.
Избегнувајте патишта кои се преплавени со вода – особено ако не можете добро да ја оцените длабината на водениот талог. Навлегување на вода во моторот може да го наруши неговото работење.
Не поминувајте низ воден тек на патот – може да има многу поголема сила на проток одошто изгледа.
Застанете на најблиското паркиралиште – доколку дождот е многу интензивен и почекајте истиот да престане.
Тестирајте ги кочниците – Кога ќе престанат врнежите, доколку сте возеле при интензивен дожд или низ подлабока вода, тестирајте ги кочниците. По потреба, со благо и константно кочење исушете ги плочките на кочниот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.