Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ прогласи вонредна состојба поради пожарот кој е надвор од контрола на територија на општината.
-На денешната седница на општина Чучер Сандево донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба во општината поради активните пожари кои ги имаме на подрачјето на општина Чучер Сандево веќе втор ден. Ваквата одлука ја донесовме бидејќи состојбата е се уште сериозна и загрижувачка со пожарот кој избувна во реонот помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево се до Кучевиште. Ситуацијата е сериозна, динамична и бара постојано вклучување на сите расположливи ресурси. Тоа што ме загрижува и што сакам да го потенцирам и алармирам е дека забележувам спора реакција на надлежните институции во однос на постапување за гаснење на пожарот, рече Комненовиќ.