Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.