Во Македонија времето денес е сончево со умерена облачност. Попладне во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
И во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и грмежи.
И утре, петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.