Жена од Дорсет, која работела во локална продавница за чевли 68 години, неодамна добила технолошки вишок!Џил Корник (82) почнала да работи во продавницата Кларкс во англискиот град Бландфорд во далечната 1956 година кога имала само 14 години.
Работела во иста продавница секој ден во следните 68 години.
Џил дури го одложила својот меден месец во 1969 година за да присуствува на обука за продажба, а кога нејзиниот син Џејсон се родил во 1975 година, го ставила во оградичка и го одгледала во продавницата.
Сепак, минатата недела, Џил била отпуштена откако компанијата објавила дека веднаш ќе ја затвори продавницата.
Толпа клиенти дојдоа на последниот работен ден да се збогуваат со Џил. Многумина донесоа цвеќиња и чоколади за да и се заблагодарат за долгогодишната услуга.
Старите муштерии за малку ќе плачеа при разделбата.– Многумина беа на работ на солзи. Меѓу клиентите имав четири генерации од исто семејство на кои им помогнав да изберат чевли. Мислам дека сега ќе се одморам и ќе одам повеќе на плажа.
Не сакам да патувам некаде поради работа. Ќе работам за добротворна организација или нешто слично. Ја сакав мојата работа. Тоа беше мојот живот. Со години живеев над продавницата и го носев син ми горе – вели Џил.
Џил, која е вдовица од 2016 година, вели дека поминала само неколку боледувања во седум децении работа и дека била на одмор три месеци во 2020 година за време на карантинот Ковид.
Таа вели дека секогаш имала добар однос со своите клиенти и дека била „преоптоварена“ од пораките за поддршка што ги добивала од нив. Нејзиниот омилен дел од работата беше да им помага на децата да добијат нови чевли за училиште.
– Наша искрена благодарност до сите членови на тимот на продавницата Blandford Forum за нивниот придонес и посветеност во обезбедувањето извонредна услуга за клиентите. Посебна благодарност до Џил.
Нејзините 68 години услуга и посветеност на нашите клиенти се многу ценети од сите во Кларкс. На Џил и посакуваме се најдобро – изјави портпаролот на компанијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.