Во кафе-книжарницата Буква, денес и утре, со искрена поддршка и почит кон трагедијата што ја потресе целата земја, Колективот Кула координира хуманитарна изложба на која се изложени донирани дела од над 30 локални уметници. Со овој чин на заедништво, се обидуваме да бидеме со сите кои се погодени од трагичниот настан, преку уметничка грижа и поддршка. Посетителите ќе имаат можност да купат уметнички дела работени во различни стилови и медиуми. Средствата собрани од оваа изложба ќе бидат донирани на Црвениот крст, за помош на погодените семејства. Ги охрабруваме и останатите уметници кои имаат желба да се приклучат на оваа акција. Не губете надеж, нека љубовта кон уметноста биде начин да се изрази грижа и сеќавање, истакнаа организаторите.
The post Продажба на уметнички дела во поддршка на Кочани во „Буква“ appeared first on 365.mk.