Продале цел мост како старо железо

Мост тежок 22 тони бил демонтиран од непознати лица и продаден за старо железо во северозападна Турција, јавуваат локалните медиуми.Се работи за мост долг 25 метри и широк 2,3 метри, што бил изграден над локална река кај селото Ихсание, округ Коџаели. Локалните жители го користеле за да стигнат до своите овошни насади.Но, радоста од поставувањето на мостот им траела до понеделникот, кога утврдиле дека мостот едноставно исчезнал.Полицијата информираше дека непознати лица го демонтирале мостот, го натовариле на камион и го продале за старо железо. Се проценува дека нивната нелегална заработка изнесува околу 8.500 евра.
МакфаксМост тежок 22 тони бил демонтиран од непознати лица и продаден за старо железо во северозападна Турција, јавуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: