Денеска продолжи судењето за Титаник, изборните нерегуларности. Најчесто споменувано име беше на некогаш супер моќниот функционер и миленик на Груевски, Миле Јакиевски. И Груевски денеска беше на судењето на „Титаник“ за изборни нерегуларност каде се слушаа бомби поврзани со тој случај. Најчест соговорник е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанекиски, кој во еден од разговорите бара комплетен список за сите административци што живеат во Центар и посочува дека во Центар врие.
Во разговорите има повеќе поранешни функционери од централната и локалната власт. Се бараат списоци не само од администрацијата туку и од приватни компании, но и од затвори, се говори и за влијание врз таксисти, професори, доктори, соседи. Можеа да се слушнат договарања за автобуси да превезуваат гласачи од Италија за Кочани. Во еден од разговорите Мијалков уверува дека договорил со ДУИ и ДПА да добијат по 400 гласа од двете партии за Владимир Тодоровиќ.