Продолжуваат преговорите меѓу Украина и Русија

Членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак потврди дека разговорите со руската делегација ќе продолжат денеска.
– Да, се разбира. Продолжуваме утре наутро. Тоа ќе биде следниот круг. Претходно работевме исклучително интензивно во работните подгрупи, изјави Подољак за украински весник.

Првата рунда од дијалогот меѓу Русија и Украина се одржа на 28 февруари во регионот Гомел во Белорусија, кога делегациите разговараа пет часа. Потоа двете страни се состанаа на 3 март во областа Беловежскаја и на 7 март во регионот Брест. На 10 март, министрите за надворешни работи на Русија и на Украина, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба одржаа консултации на дипломатски форум во турскиот град Анталија.
Во моментов, преговарачите продолжуваат да комуницираат преку видео врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.