Велосипедската „Тура до Стразбур“ на српските студенти продолжува. Велосипедистите тргнаа од Улм кон Штутгарт. Учениците од Ужице и околните градови, кои синоќа во тој град ги пречекаа своите колеги од Ваљево, пешачат до Пожега, првата етапа на патеката за Краљево.
Денеска во 11:52 часот во повеќе градови во Србија и повеќе локации во Белград ќе се одржи панихида за 16-те жртви од уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Студентите во блокада продолжуваат со акциите до исполнување на нивните барања. Тие протестираат веќе пет месеци барајќи одговорност за уривањето на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 16 лица.
Група од 80 студенти во блокадата утрото на 3 април со велосипеди тргнаа кон Стразбур, за да „достават документ за кршењето на правата во Србија до Европскиот центар за правда“. Тие минуваат низ клучните европски градови, а во Стразбур треба да пристигнат на 15 април. Целта на патувањето е да се сврти вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната ситуација во Србија.