Продолжува гласањето во земјите на ЕУ на изборите за европратеници



Денеска се гласа во Латвија, Малта и Словачка, а од попладне почнува првиот од двата гласачки дена во Италија и Естонија. Во Чешка денеска е последен ден од гласањето

Изборите за пратеници во Европскиот парламент (ЕП) денеска влегуваат во третиот од четирите гласачки дена, кои во земјите од Европската Унија (ЕУ) се спроведуваат од 6 до 9 јуни.

Европскиот парламент (ЕП) / Фото: Архива

Денеска се гласа во Латвија, Малта и Словачка, а од попладне почнува првиот од двата гласачки дена во Италија и Естонија. Во Чешка денеска е последен ден од гласањето.

Гласачките места беа отворени во Холандија во четвртокот, 6 јуни, а вчера во Ирска. Останатите членки на ЕУ, вклучително Франција, Германија и Шпанија ќе гласаат на изборите за европратеници в недела, 9 јуни.

Првите прелиминарни резултати за составот на следниот Европски парламент се очекуваат вечерта на 9 јуни откако ќе гласаат сите 27 членки на Унијата, а ќе бидат ажурирани рано наутро в понеделник.

Десеттиот законодавен дом ќе започне на 16 јули, датумот на првата пленарна седница. Тој ден, 720. европратеници ќе го изберат претседателот на парламентот и 14 потпретседатели. Првата седница ќе трае до 19 јули, а ќе биде извршен и избор на комисии и поткомисии

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: