Продолжува реконструкцијата на основни и средни училишта во земјата

Во рамките на владиниот проект за изградба и обновување на основните и средните училишта во земјата, министерството за образование и наука во неделата најави дека ќе продолжи со реконструкција на училиштата при што приорите им се дава на не неколку училишта во Прилеп, Штип и во неколку скопски населби.Ќе бидат реконструирани основното  училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка во  општина Штип,  предвидено е довршување на повеќенаменската спортска сала во основното училиште  „Гоце Делчев“ во село Љубанци кое гравитира кон скопската општина Бутел.Реконструкцијата на училиштето „Тошо Арсов“  ќе опфати комплетна санација на објектот, вклучувајќи: замена на прозорци, врати, подови, санација на покрив, како и воведување на парно греење.Изградбата, пак, на објектот за повеќенаменска спортска сала во Љубанци е започната во 2008 година, а треба  комплетно да се завршат активностите за да објектот, кој моментално е на ниво на затворен карабин, да биде ставен во функција.Воедно од министерството за образование и наука објавија дека е завршена и тендерската постапка за замена на столаријата во средното општинско училиште (попознато како индустриско) „Ристе Ристевски – Ричко“ во Прилеп. Таму ќе биде заменета старата столарија која е од метален профил и едноструко стакло со шесткоморен ПВЦ профил и термопан стакло, со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектот и намалување на трошоците за греење.
 Во рамките на владиниот проект за изградба и обновување на основните и средните училишта во земјата, министерството за

Пронајдете не на следниве мрежи: