Продолжува судењето за „Рекет”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет”, кој е во фаза на дополенине на доказна постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази.
По оваа фаза следуваат завршните зборови.
Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.
Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На истиот пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.
За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.