Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис.
-Филмот „Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни, соопшти Амбасадата на Грција.
„Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен.