Проекција на филмот „Беласица“ и трибина на тема ментално здравје во КСП Центар Јадро






На 13 мај (понеделник) во 20.00 часот во КСП Центар-Јадро ќе се одржи проекција на филм и трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“

Ќе биде прикажан документарниот филм „Беласица“ (2023) на режисерката Марија Апчевска. На трибина ќе говорат: Ѓорѓе Хаџи-Анѓелковски, психијатар кој промовира нови решенија за третман на менталните растројства и промотор на процесите за де-инстуционализација, Анче Каевска – професор, гешталт терапевт и долгогодишен реализатор на гешталт работилници и Јасмина Лукановска, специјален едукатор и рехабилитатор, Арт окупационен терапевт со долгогодишно искуство во работа со деца со попреченост.

„Филмот ‘Беласица’ го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции“, се вели во најавата.

Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: