Проклетството на Белата Палата на ВМРО

Конечно еден добар потег на изгубеното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се ослободат ли од проклетството на „Белата Палата“, Централниот Штаб на ВМРО ДПМНЕ, или „мојата зграда“ како што Мијалков се слушаше дека ја нарекувал?
Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе го продаде своето централно партиско седиште, палатата „Христо Татарчев“ кој а беше изградена наместо старата жолта куќа во времето на Никола Груевски, информира порталот Skopje1.mk според високи извори на партијата.
Според информацијата која се лиферуваше, овластен проценител утврдил дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500.000 евра.
Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме поскромни простории од постоечките, а другиот дел ќе го донираме во различни хуманитарни цели, изјавил високиот партиски извор од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ова е само пропаганда на брод кој што тоне или е вистина останува да видиме.
И да потсетиме дека уште пред конгресот во Валандово минатиот декември претендентот Филип Петровски ијзави дека ќе го продаде седиштето и дека партијата ќе ја спушти на земја. Како што може да се види сега Мицковски сака да го следи овој план. Ќе видиме дали се искрени во намерите!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.