Фолкерот Аца Лукас изјави дека изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање. Но, како што вели не жали за тоа бидејќи тоа биле негови пари.
-Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убиев, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум Некои ми велат дека сум го прокоцкал станот во Белград. Прокоцкав цела населба во Белград. Една дебела населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш, јас сум. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што треба да имаат – призна Лукас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.