Мандолинскиот оркестар „Скопје“, воден од диригентите Рамадан и Ерхан Шукри, ќе одржи Пролетен концерт вечерва во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагедијата во Кочани. Концертната програма вклучува дела и арии од В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Ф. Тости, Љ. Бранѓолица, Ф. Лехар, Џ. Верди, Ф. Шуберт, Г. Коларовски и П. Маскањи. Како солисти ќе се претстават оперските пејачи Михајло Арсенски (тенор), Александра Коцевска (мецосопран) и Горан Начевски (баритон).
The post Пролетен концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во чест на Кочани appeared first on 365.mk.